Познатиот ангел на Викторија Сикрет, Адријана Лима, повторно ја посети болницата „Свети Дамјан“ на Хаити, каде пред месец и половина ја претстави хуманитарната програма чија цел е да им обезбеди нега на бремените жени во Хаити.
„Одам на Хаити во родилиштето на болницата „Свети Дамјан“ за да го подржам мајчинството и за да бидам мајка“, објавила манекенката на својот Твитер профил.
Адријана Лима и нејзиниот сопруг кошаркарот Марко Јариќ се во брак веќе 3 години и ја имаат ќеркичката Валентина. Тие во моментот го очекуваат своето второ дете, но сеуште немаат објавено кој е полот на детето.