Јужноафриканска агенција нуди секаков вид на помош од пеглање, водоинсталатерство, а покрај се тие може да се делумно или целосно голи.
“Natural Cleaning” себе се претставува како единствена агенција во светот за давање „гола“ помош.
Основана е од пред месец дена од Жан Пол Рид, кој со години се мачел да најде кадар.
Компанијата нуди разни услуги, од водење домаќинство, сметководствени, правни, компјутерски, а вработените треба да се подготвени да се соблекуваат.
Најпопуларни се куќните помошнички, а потоа и хаусмајсторите кои ги ангажираат сингл дамите.
„Не нудиме проституција, ниту ништо друго што наликува на тоа“, изјавил Рид.