Зумба, пилатес, јога-пилатес и танци се најдобрите начини за моделирање на телото, подобрување на здравствената состојба и намалување килограми.
Во аеробните тренинзи за дами се забележуваат модни трендови, како и во се останато. И ако пред неколку години најпопуларни беа тае-бо, фитнес и јога, сега во мода се зумба, пилатес, јога-пилатес и танци.
Зумба
Може да се каже дека на врвот на класацијата на физичките активности денес стои зумбата. Тоа претставува неверојатно пријатен и забавен тренинг под звуците на салса, меренге, ча-ча-ча, хип-хоп и уште многу други ритми. Тренингот всушност претставува хореографија на повеќе стилови танци, но се прават брзо и во такт со музиката. После еден зумба тренинг ќе бидете задишани, препотени и со широка насмевка на лицето. Оваа физичка активност ќе ве наполни со енергија и сигурно ќе посакате да продолжите со танците и на некое друго место!
Зумба е неверојатно добар начин за согорување калории, идеално обликување на телото и пред се ќе ви го подобри расположението и ќе создаде позитивен поглед на реалноста. Од медицинска гледна точка е докажано дека интензивната физичка активност го зголемува нивото на серотонин – хормон наречен „хормонот на среќата“. Направете нешто добро за себе – изберете спорт!