Некои луѓе буквално ќе се превртат наопачки само да се сретнат со своите идоли, и тоа всушност се случи вчера.Кајли Миног беше пресреќна да ја види акробатката Злата како и ја покажува својата флексибилност на Канскиот филмски фестивал.
Бившата гимнастичарка со потекло од Русија ги забавуваше гостите на забавата по премиерата на филмот Holy Motors.
Откако ја забележа Кајли, Злата не сакаше да ја испушти можноста да се слика со австралиската пејачка на црвениот тепих пред да оди на забавата.
Злата носеше специјално дизајниран леопард костим со скапоцени камења и потпетици кои совршено одговараа.
Кога Злата ја крена ногата над својата глава,Кајли тргна да и помогне на девојката.Пејачката изгледаше прекрасно на црвениот тепих во фустан на Dolce& Gabbana.