Ѕвездата Џесика Алба, за потребите на продолжението на култниот филм Sin City стана русокоса, а за тоа веднаш се пофали и на Твитер, постирајќи фотографија од себе.
Алба повторно ќе се појави во улогата на стриптизетата Ненси во филмот Sin City, а фотографијата која ја споделила со фановите е од фризерскиот салон каде од бринета се претврила во русокоса.
Покрај Џесика, во продолжението на филмот ќе се појават и Мики Рурк, Девон Аоки, Мајкл Медсен.