Алгите се силни антиоксиданти, го прочистуваат организмот од токсини и го забавуваат процесот на стареење. Алгите се храна за долг живот и убавина.
Алгите се идеални за исфрлање на токсините, натрупани во организмот како последица на загадената животна средина. Тие помагаат за одржување на идеална телесна тежина, обезбедуваат прилив на неопходни минерали и витамини како и енергија и штитат од штетните ултравиолетови зраци.
Алгите содржат од 15 до 40% растителни белковини со висока биолошка вредност, што значи ги имаат сите аминокиселини.
Познати се по високата концентрација на бета каротин или провитамин А, што е важен за здравјето на кожата. Освен тоа во нив има и многу од останатите витамини – Б, Ц, Д, Е, Ф и К.
Алгите се еден од малку познатите извори на растителни витамини Б12 кои ги има во месото, рибата и јајцата.
Содржат многу минерали, особено калциум, а во некои од нив го има многу повеќе отколку во млекото, а освен тоа содржат и многу магнезиум, калиум, фосфор, железо, цинк и натриум.