Како на Холивуд да не му е доволен трендот вечно чудни имиња, Алиша Силверстон одлучила да отиде чекор понатаму кога е во прашање “чудното” и “децата”.
Всушност, 35-годишната актерка на својот блог објавила видео во кое се гледа посебна техника која ја применува на својот син Беар Блу. Познатата холивудска вегетаријанка, која го родила синот во петтиот месец во 2011 година, одлучила со светот да ја сподели новата техника на хранење на детето “уста на уста”, па детето со тоа може да ги проба некои од нејзините вегетаријански специјалитети.
Силверстоун техниката ја демонстрирала во видеото во кое се гледа како на нејзиниот син му ја џвака храната, пред да ја префрли во неговата уста со уста, слично како што тоа го прават птиците.
http://www.youtube.com/watch?v=01U6VNkGPN8&feature=player_embedded
“Тоа е неговиот омилен начин на јадење, а и мој. Буквално трча низ просторијата и ме напаѓа ако види дека јадам” , напишала на блогот.
Покрај тоа, неодамна за списанието Parenting изјавила дека Беар Блу ќе биде вегетаријанец ‘додека таа го храни’.