Амазон работи со Фокскон на развој на сопствен паметен телефон кој би влегол во трка со iPhone и уредите на Android.
До овие информации прв дошол Блумберг, на кого плановите за развој на паметен телефон од Амазон му ги потврдиле два извори кои добро ја познаваат оваа компанија.
Блумберг објавил дека Амазон работи на купувањето на патент за безжичната технологија за да се одбрани од потенцијални тужби.
Цената на овој уред според гласините и аналитичарите може да биде меѓу 150 и 170 долари.