Полицијата во Флорида ја уапси Ракел Гонзалес (24) откако го нападнала својот дечко, 30-годишниот Есрик Дејвис, а причината за нападот е повеќе од гротескна и смешна. Имено, за време на сексуалниот чин, Дејвис свршил пред Ракел да доживее оргазам, по што таа почнала да го гребе и да го удира поради тоа што прерано свршил.
Во извештајот на полицијата стои дека Дејвис имал гребаници над окото и носот, а нападнатиот додаде дека Ракел и претходно била агресивна и често го напаѓала. Тоа на своја кожа го почувствуваа и полицајците, кои тврдат дека незадоволената жена била некооперативна и агресивна за време на апсењето.