Неверојатна трагедија се случила вчера во Њу Орлеанс кога жена го убила својот сопруг мислејќи дека е провалник.
Полицијата од Њу Орлеанс соопштила дека 53 годишна жена пукала во својот сопруг, бидејќи мислела дека е провалник. Како што јавуваат локалните медиуми, несреќата се случила во понеделникот во 11 часот наутро.
Имињата на 57-годишната жртва и неговата сопруга не се објавени, а засега не е поднесено ниту обвинение.