Аморовата стрела удира четири пати во животот!

popara6 август, 20121min00
ljubov

Како што откриваат резултатите од најновото истражување, просечно лице до 20 години се заљубува барем три пати, а ако до тогаш не запознае личност во која би се ‘залетал’ тогаш тоа ќе го доживее до 27 години.

Студијата со која се опфатени 2000 возрасни луѓе, покажува дека просечниот човек вистински се заљубува околу 4 пати во животот, што би требало да ни даде надеж дека за вистинската љубов никогаш не е касно.

Меѓутоа, загрижувачки факт е дека поради притисокот кој многумина го чувствуваат или очекуваат, речиси половина од оние кои се во брак, не се венчале со личност која лудо ја сакаат, туку со некој кој ги исполнува критериумите на доволно добар. Повеќе од 60% признале дека жалат што пропуштиле шанса да се смират со својата голема љубов и што го избрале сегашниот партнер.

-Вистинската љубов претставува голема пресвртница во животот на секој човек. Она што е јасно е тоа што, кога емоциите се во прашање, ништо не е едноставно. Љубовта е сама по себе како вртелешка на која луѓето се вртат околу односот и животните фрази – пишуваат истражувачите.

Само 33% од нас ќе имаат среќа да завршат со својата вистинска љубов. Од тинејџеркиот период, па се до средината на дваесеттите, главата по некого ја изгубиле 80% од испитаниците, а скоро секоја десета од овие луѓе во овој период се вљубиле барем три пати. Во триесеттите години, шансите да паднеме на нечиј шарм се 40%, додека во петтата деценија веројатноста дека повторно ќе се “затрескаме“ е утешни 30%.

Дури 41% паднале на шармот на забранетата љубов, а половина од тој број признале дека им се случило повеќе пати да се заљубат во личност во која никако не би смееле, како колега на работа, најдобар пријател, некој кој е зафатен, тотален странец, а има и примери во кои се заљубиле во родителите на своите пријатели.

Повеќе од 75% од испитаниците се согласуваат со тврдењето дека не е возможно со глава да одлучиме во кого ќе се заљубиме, но и дека кога еднаш ќе се јават чувства, не е лесно од нив да се ослободиш. Сепак, дури една третина сметаат дека возможно е да бидеш вљубен во повеќе личности истовремено. Невозвратената љубов ја доживуваат 10% од луѓето, додека 30% се обидуваат да се смират со поранешниот партнер, од кои добар дел од нив успеале во тоа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag