Не, сепак ова е малку шега, но Андреј Пејиќ уште еднаш успеа да ја шокира јавноста кога се појави во венчаница!
Андрогениот модел, познат по тоа што на модните ревии носи женска облека, ја покажа својата вистинска женска страна, кога излезе на модната писта во венчаница. Со долга руса коса, изгледаше како вистинска невеста!
Г-динот Пејиќ ја отвори ревијата на венчаници на Rose Clare во Барселона. Се разбира, целата слика не би била комплетна без високи потпетици, кои ги носеше цело време.
Како ви се допаѓа вам Андреј во венчаница? Дали може да оди пред олтар? 🙂
http://www.youtube.com/watch?v=JCV2UTyvQUM&feature=player_embedded