Холивудската актерка и режисерка Анџелина Џоли сака да се здебели 5кг пред свадбата со Бред Пит, која е закажана за август.
Анџелина Џоли мора да ја зголеми својата тежина малку пред да застане пред олтарот со Бред Пит. За еден таков потфат ќе се вклучи најпознатиот готвач во светот Џејми Оливер.
“Анџелина одлучи да стави поголема маса околу нејзините колкови пред да дојде свадбата. Веќе побара Џејми да и даде некои рецепти. Анџелина никогаш не готви, па работата околу готвењето ќе треба да го презеде Бред. Најверојатно, ќе прави традиционални англиски јадења”, изјави извор близок до најпознатиот холивудски пар.