По објавувањето на номинациите за Оскар започна објавувањето и на славна личност кои ќе ја имаат улогата на презентери. Кога станува збор за доделување на Златните статуетки, ова улога претставува престиж. Конечно беше објавено дека меѓу презентерите ќе се најдат и Анџелина Џоли, Пенелопе Круз и Камерон Дијаз.
Џоли доби Оскар во 2000-та година за споредна женска улога во филмот “Прекината младост”. Тогаш младата и бунтвичка Џоли привлече внимание кога сочно го бакна својот брат, откако беше прогласена за победник. Овој пат, на некого ќе донесе среќа, но исто така ќе го придружува и Бред Пит, кој е номиниран за најдобар актер.
Пенелопе Круз, исто така, веќе има освоено Оскар, за одличниот перформанс во хит филмот на Вуди Ален “Вики Кристина Барселона”. Претходно како презентери беа најавени и Том Круз, Хали Бери, Џенифер Лопез и членовите на екипажот на филмот “Деверуши”. Оскарите ќе се одржат на 26 февруари, а церемонијата ќе ја води Били Кристал.