Анџелина Џоли: Србите ги засакав како да ми се фамилија!:))))

popara12 февруари, 20121min00
Brad Pitt Suprises Angelina Jolie On Set!

“Речиси половина од актерите во мојот филм се Срби, тие станаа дел од нашата екипа, дел од моето семејство, се сакаме и многу сме блиски. Мислам дека тоа доволно зборува за тоа што го чувствувам за Србите”, изјавила Анџелина пред премиерата на нејзиното режисерско деби “Во земјата на крв и мед” и на овој начин ги демантирала тврдењата на одредени поединци дека во филмот таа ја изразила својата омраза кон Србите.

“Проблемот е што сите имаат мислење за овој филм, а никој не го гледал. Се надевам дека луѓето во Србија ќе го погледнат со отворено срце и ум, иако знам дека тоа ќе биде многу тешко поради разните приказни и извештаи, но сепак се надевам”, додала Џоли. Познатата актерка наведува и дека Србите имаат право да снимат филм за своите жртви и дека имаат многу добри режисери кои ќе бидат во можност да го реализираат тоа, меѓу кои е и Емир Кустурица.