Актерката ги убедила главните продуценти на филмот Заспаната убавица, улогата на принцезата Аурора да припадне на нејзината најмлада ќерка Вивиен, бидејќи таа лично смета дека совршено ќе се вклопи.
Фановите на бајките на филмското платно покрај Анџелина Џоли можеби ќе ја видат и нејзината ќерка Вибиен (4). Според пишувањето на британските медиуми Вивиен во адаптацијата на Дизни, Заспаната убавица, ќе ја игра принцезата Аурорда, додека нејзината мајка ќе биде злобната вештерка.
Филмот се снима во Англија, а би требало да се појави идното лето во кино салите.