Во Велика Британија било спроведено истражување за да се утврди колку младите луѓе знаат за потеклото на храната која ја консумираат.
Резултатите биле шокантни, младите покажале неверојатен недостаток во знаењето за потеклото на некои основни намирници. Едно од десет лица мисли дека јајцето потекнува од пченица. Помалку од половина испитаници знаеле дека путерот доаѓа од кравјото млеко, а само третина знаеле дека кокошката снесува јајца. Едно од пет лица мисли дека мармаладот и џемот потекнуваат од житарици.
Истражувањето било спроведено во Велика Британија на млади лица на возраст од 16 и 23 години.