Овој дел од турската ривиера со години е хит на нашиот, но и европски туристички пазар…
Анталија е сместена во истоимениот залив на Тиркизниот брег, над кој се издигнуваат планините Таурус покриени со борова шума. Поради богатото историско наследство и природните убавини, Анталија со право ја носи титулата – една од најпрестижните европски дестинации…
Градот го сочинуваат два дела: современиот, со широки булевари, трговски центри и можности за добар ноќен живот и стариот дел од градот – Калеиџи, подигнат околу старото пристаниште. Во овој дел има тесни улички, стари турски куќи, занаетчиски работилници, кои не се само пример за архитектурата туку и за начинот на живеење. Во близина на градот, на плажата Лара се наоѓаат хотелски комплекси, кои на туристите им овозможуваат уживање во морето, сонцето и природните убавини на најчистиот дел на Средоземјето…
Хотелската понуда на Лара е повеќе од разновидна. Во овој дел од Турција има луксузно сместување, хотели со пет ѕвездички. Хотелите се совршени и за млади парови и за друштвени и за семејни одмори…
Областа Анталија има околу 300 сончеви денови годишно, а во Лето температурите се премногу високи. Просечната температура изнесува 28 степени…
Анталија е волшебна… Неверојатна!!!