Аронијата потекнува од источните делови на Северна Америка. Тамошните Индијанци ги сушеле плодовите на аронијата и ги употребувале зиме и лете. Освен зрелите плодови, аронијата ја сушеле и ја ставале во зимските погачи.
Покрај плодот, и листовите на ова овошје се користеле за подготвување чај кој особено бил ефикасен против желудочните и цревните тегоби и пролив. Листот се користел и за локална употреба за заздравување на раните.
Вредноста на аронијата:
Зрелите плодови на аронијата содржат големо количество биофеноли, танин, флавонид, антоцијани. Изворот на витамини е огромен почнувајќи од витаминот А, Ц, Р, Б9, Б6, Б2, Е заедно со минералите како калциум, калај, железо, манган, јод, фосфор. Ваквата содржина е доволен доказ дека зборуваме за вистинска витаминска бомба.
Лековити својства на аронијата:
Глава – ја подобрува циркулацијата на крв во крвните жили на главата и помага при главоболка и мигрена.
Ендокрини жлезди – придонесува за подобра работа на штитната жлезда, го подобрува и го регулира излачувањето на нејзините хормони, затоа е одлична за лекувањето од гушавост.
Крв и крвни садови – ја чисти крвта, ја подобрува циркулацијата, го намалува високиот крвен притисок, го намалува шеќерот во крвта и помага кај воспалени и проширени вени.
Желудник – ги намалува болките и грчевите во желудникот, особено е добар за сите што страдаат од чир на желудник.
Црева – освен што ги смирува болките и грчевите на цревата, одлична е за запирање на проливот.
Панкреас – ја подобрува неговата работа и излачувањето на жолчката. Му помага на панкреасот во неутрализирањето на штетните материи.
Како да го консумирате ова овошје?
На нашиот пазар може да се најде сушена аронија и чај од аронија. Можете да ја јадете во неограничено количество во комбинација со јогурт, како додаток во десертите и во овошните салати. Сокот од аронија е многу здрав и освежителен. Обидете се да ја најдете свежа за да приготвите компот.