Аруба – црвеното злато на Карибите

popara11 март, 20122min00
naslovna

Прекрасниот бел песок, пријатната тропска клима и тиркизното море се главни адути на островите Аруба. Според легендата, плажите припаѓаат на песочното џуџе, кое спрема секое зрно песок се однесува со многу внимание и љубов, па поради тоа и плажите се толку убави. Лесниот ритам на живот, заводливата природа и позитивните домаќини прават секој човек да се прилагоди на волшебното парче рај на земјата.

„Палм Бич“ е најпопуларната плажа во ова место. Нејзините мирни води се одлични за пливање, а во песокта можат да се најдат интересни школки. „Бока Каталина “ е пуста, но е совршена за риболов, додека „ Бока Принс“ е прочуена како совршено место за многу заљубени парови, романтичен пикник и бегство од урбаните гужви. Аруба е и совршена за водени спортови, а ако ви здодее од морето, во прилог Ви се и турите за Националниот Парк Арикок.

Весела атмосфера владее на целиот остров, а особено во главниот град Оранхештад во кој секој Вторник се организира фестивал на храната, музиката и рачната изработка на Бомбини ( што значи добредојдовте ). Добар помин гарантира и шарениот автобус Куку Кунуку кој секоја вечер туристите ги води на ноќни прошетки и на различни вечери. Влијанието од различни култури се чувствува и во кулинарството. Од обични состојки, локалните кувари прават неверојатни јадења, а морските плодови се нивна основа, додека најголем специјалитет се ајкулите. Популарно јадење е и „ кеши јена“ направено од гауди сирење, риба или месо, зачини и специјален темен сос, а се служи со пченкарен леб и пита.

Не би можеле да одолеете на уникатноста на ова место, особено ако сте љубител на авантурите…

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma