Астана… Калеидоскопскиот главен град на Казахстан!

popara27 февруари, 20123min00
36

Низ историјата, градот Астана се споменува со повеќе имиња. Но, во буквална смисла, последното- Астана, означува- прв град на нацијата. Преубавиот град, последниве години беше трансформиран во главен град, во многу работи, поразличен од останатите. За некого бизарен, за некого брилијантен, Астана денес е град кој секојдневно е посетуван од илјадници љубопитни туристи.

Најзабележливата знаменитост во него е Bayterek, поради огромните димензии и централната поставеност. Кај граѓаните,  објектот познат под името Chupa Chups претставува симбол на преобразбата на Астана во главен град во 1997 година. Исто така, овој објект симболично ја претставува и народната приказна за „Животот и птицата на среќата“. Всушност, за големата топка, поставена на објектот висок околу 100 метри, симболично се верува дека е јајце, снесено токму од птицата на среќата. При обиколката на овој прекрасен град, сигурно ќе дојдете и до „златната рака“ на првиот Претседател на Казахстан. Станува збор за златна плоча во која е отпечатена дланката на првиот Претседател. Се верува дека ако врз дланката, ја ставите Вашата и замислите желба, истата ќе се исполни.

Архитектонското ремек дело со име „ Пирамидата на мирот “, дизајнирано од Norman Foster. Значењето на пирамидата, е објаснето со шесте секции, кои ги претставуваат шесте најголеми светски религии. Во текот на ноќта, таа е осветлена во повеќе бои. А, кога паѓа ноќта, убаво би било да ги посетите и Казахстанската „ Бела куќа “ и џамијата Нур- Астана, висока 40 метри. Височината на оваа џамија се поистоветува со годините на пророкот Мухамед. Во близина е и централната „ Сала за концерти “, а во негова близина пак, се наоѓаат најубавите хотели.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag