Астероид фатален за Земјата во 2040 година?! :(

popara28 февруари, 20121min00
cd790

Научниците предупредиле дека голем астероид би можел да претставува опасна закана за Земјата за само неколку децении.

Астероидот под името 2011 AG5 кој е околу 140 метри широк, во мај 2040 година моеж да дојде дојде блиску до Земјата, па научниците дебатирале за тоа како може истиот да се одалечи. Разговорот за овој астероид бил на дневен ред на 49-тата седница на научни и технички комитети на Обединетите нации што се одржа на почетокот на февруари во Виена.

Тимот на ОН, кој се занимава со NEOS ( објекти кои се наоѓаат блиску до Земјата ), предупредил на константното доближување на овој астериод кон Земјата, кој за точно 28 години би можел да ја удри.

Инаку, овој астероид спаѓа во седумте најчудни поради својот состав, а го откриле набљудувачите во Тусон, Аризона во јануари 2011 година.

„Овој објект ќе биде видлив од Земјата меѓу 2013 и 2016 година“, изјавил за Фокс Њуз Доналд Јеоманс, шефот на тимот кој ги следи објектите кои се во близина на Земјата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma