Германска преработувачка куќа ABT Sportsline подготвува подобрена верзија на Ауди S7 Sportback. Највозбудливи промени ќе се случат под хаубата.
Оригиналниот Ауди S7 Sportback го движи 4.0 литарски твин турбо мотор TFSI V8 со 420 КС и 550 Nm вртежен момент. Сега сакаат да ги зголемат овие бројки на 520 КС и 650 Nm, што ќе му овозможи на автомобилот максимална брзина од 290 км/ч.
Повеќе информации за овој автомобил ќе има во наредните неколку месеци кога се очекува и неговото официјално претставување.