Автоматот кој прави пица за помалку од 3 минути ќе влезе во употреба во Америка.
Автоматот наречен „ Let’s Pizza“ измислен е во Холандија, каде се употребува веќе три години. Компанијата која го има направено A1 Concepts планира да се прошири надвор од границите на Европа и да отвори седиште во Атланта.
Инаку, автоматот на потрошувачот му нуди неколку видови на пица, за која се користат свежи состојки.
Машината има кеси за брашно и вода, а има и микропечка, изјавил извршниор директор на компанијата Роналд Рамерс.