Баба Бетка се забавува со снајките во шопинг

popara3 март, 20121min00
bekteeeeeeeeeee

Британската кралица Елизабета, или како што ние нагалено си ја викаме баба Бетка, заедно со своите снаи Камила – војвотката од Корнвол и Кетрин – војвотката од Кембриџ, го посетија трговскиот центар „Фортнум и Мејсон“ во Лондон.

Овој трговски центар, кој важи за главен добавувач на кралското семејство, ги пречета трите најважни жени од Виндзор со чај и чоколадни бомбони полнети со шампањ, а нивните кучиња беа „почестени“ со бисквити.

Ова е прво јавно претставување на кралицата заедно со Камил и Кетрин без нивните мажи. Кралското трио за оваа прилика ја усогласиле облеката, појавувајќи се во капути во сина боја, но во различни нијанси: светло сина за кралицата, темно сина за Камила и пепеласто сина за Кетрин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag