Банкоматот на банката Лојдс ТСБ во Ипсивич се расипал непосредно пред затварањето на филијалата. Сите оние кои дошле да извадат пари од него добивале двојно поголема сума од наведената.
Полицијата морала да интервенира за да воведе ред во малиот град, бидејќи добрата вест веднаш се проширила меѓу граѓаните и наеднаш пред банкоматот се создала неверојатна гужва.
Проценето е дека околу 30 лица профитирале од расипаниот банкомат.