Кој не би сакал да го почувствува допирот на Индонезија? За момент да се најде на хедонистичките предели… Кој не би посакал да ги открие мистериите на Бали – совршеното парче рај во Индонезија кое постои за да Ве опушти …
Бали е остров во Индонезија кој се наоѓа помеѓу островите Јава на Запад и Ломбока на Исток. Една од 33те провинции во Индонезија. Поголемиот дел од жителите на островот го сочинуваат индонезиските хиндуисти, кои инаку претставуваат малцинство во државата…
Бали, денес претставува популарна туристичка дестинација. Остров, кој освен што има извонредна убавина, е богат со ориз, кокосови палми, кафе, памук…
Предел, кој ја заслужува посетата на сите љубители на необичното, сонувачи на мистичното…