Бекам е вистинско “машко“ :)))

popara29 мај, 20121min00
David-Beckham

Поранешниот капитен на националниот тим на Англија, Дејвид Бекам ќе биде првиот маж што сам ќе се појави на насловната страна на списанието Elle!

37-годишниот фудбалер позираше во сива мајца, држејќи се за косата, додека на другата фотографија која може да се најде на внатрешната страна во списанието, го покажува своето извајано тело и бројните тетоважи. Спортистот изјави дека е голема чест што му е дадена прилика да се најде на насловната страна на јунскиот број на ова списание, кое е наменето за дамите.

Уредничката на британскиот Elle, Лораин Канди изјави дека Бекам е национален херој и икона. “Elle е познат по тоа што на своите насловни страни ги претставува иконите, а ваква насловна страна е прва за нас. Верувам дека подеднакво го сакаат и мажите и жените.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *