На прагот на 90-тите години, легендарната актерка Бети Вајт изгледа и се чувствува одлично. Со години не ја крие својата љубов кон Роберт Редфорд, а сега око фрлила и на уште еден холивудски заводник, Џорџ Клуни.
Во нејзина чест на 16 јануари на ТВ мрежата NBC ќе биде емитувана специјална емисија во која ќе гостуваат мноштво познати личности, но Бети меѓу нив не сака да го види Редфорд.
“Не, не, не! Не сакам никогаш да го запознаам. Сакам да му се восхитувам од далеку”, искрена е Бети. Додава дека би била разочарана и посрамена доколку го запознае.
“Неговото име толку пати го споменував во јавноста што ќе ми биде срам ако се најдам пред него”, вели Вајт.
Иако со години е посветена на Редфорд, актерката најави дека и се допаѓа и Џорџ Клуни.
“Мислам дека треба да ги проширам своите хоризонти”, се пошегувала Бети која може да се пофали со кариера долга 63 години. Покрај своите улоги, сака да биде запаметена и по ангажманот во заштита на правата на животните.