Полицајците се надеваат дека нивниот соработник ќе им помогне во борбата против криминалот и трговијата со дрога.
Бразилија – суперхеројот против криминалот.
Претставници на бразилскиот град Таубат кој се соочува со зголемена стапка на криминал, одлучиле да ги заштитат своите граѓани така што ќе ангажираат еден од најпознатите стрип јунаци Бетмен.
Градот решил да го вработи пензионираниот полицаец Андреа Луиз Пинхеира (50) кој се облекува како познатиот херој и патролира низ улиците во градот. Полицијата се надева дека овон нов колега ќе им помогне да го намалат криминалот и трговијата со дрога во овој град.