По две годишна врска 18-годишниот Џастин Бибер и неговата 20 –годишна девојка Селена Гомез наводно раскинале поради работните обврски.
“Раскинаа пред една недела. Поради пренатрупанте работни распореди им станувало се потешко да ја задржат нивната врска”, открил извор близок на двојката за E! News.
Шпекулациите за прекинувањето на врската започнаа последните недели, а како потврда на тоа дека повеќе не се заедно медиумите ја искористиле фотографијата која Бибер ја објавил на Твотер.
Поточно, тој објавил фотографија со 19 годишниот модел на брендот Victoria’s Secret, Барбара Палвин, со која покрај зад сцената на овогодиншнoто шоу, бил и на Бродвеј, бидејќи заедно ја гледале претставата The Lion King.