Библијата на Елвис Присли продадена за 94.000 долари

popara11 септември, 20121min00
biblija-evis-presley

Библијата, која некогаш припаѓала на легендарниот Елвис Присли, е продадена за 94.000 долари на аукција.

Книгата од 1.600 страни ја продал еден колекционер од Велика Британија, кој продава една четвртина од својата колекција.

Во книгата се наоѓаат записи на Присли, а ја добил од неговиот вујко за првиот Божиќ кој го поминал во својот дом во Грејсленд 1957 година. Книгата била еден од повеќе од 100 предмети кои некогаш припаѓале на Присли.

“Во просторијата владееше возбуда. Имаше околу 300 луѓе, а некои понудите ги оставаа онлајн или преку телефон. Добивавме понуди од сите краеви. Кога Библијата беше продадена за таа цена во просторијата владееше целосна тишина. За книгата се натпреваруваа три лица. Кога звукот на чеканот ја затвори продажбата во салата изби аплауз. Тоа беше неверојатно”, изјавила Карен, од аукциската куќа Омега.

Новиот сопственик на Библијата сакал да остане анонимен, познато е само дека е Американец кој живее во Велика Британија.

На аукција се нашла и неиспрана долна облека која Присли ја носел по своето познато бело одело во 1977 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma