Специјализираниот магазин „ Ресторан “ веќе десет години ја објавува листата на педесетте најдобри ресторани во светот.
Стручњаците процениле дека тоа е ресторанот „ Нома “ кој се наоѓа во Копенхаген и кој веќе трет пат по ред се наоѓа на листата на најдобри. Овој дански ресторан повторно ја „ одбрани титулата “ на најдобрите и се наоѓа на првото место. Повторно е во центарот на вниманието поради главниот кувар Рене Реџепи, кој спаѓа во листата на највлијателните луѓе во светот.
Освен што е познат по врвниот квалитет и необичните специјалитети, „ Нома “ важи за место во кое куварите веднаш се сместуваат во листата на врвни гастрономи. Некои од нив добиваат шанси да готват и за светските ѕвезди како Анџелина Џоли.
Популарниот ресторан ги привлекува гостите преку интересната понуда во која преовладува зеленчукот, но и со својата репутација. Пример, вечера за двајца чини окол 350 евра. За истата некогаш ќе мора да почекате и до шест месеци со оглед дека резервациите се закажуваат неколку месеци однапред.
Непосредно до високото прво место се наоѓа и шпанскиот El celler De Can Rocca, познат по вкусните десерти. Колачите во овој ресторан настануваат на основа на познатите парфеми, а уште еден шпански ресторан се наоѓа на оваа топ листа. Станува збор за Mugaric од Ерентерија, чии јадења се на доста добар глас…
Списокот на останатите ресторани, Ве очекува во следново видео: