Магазинот People објави нова, секогаш популарна листа на најубави жени во светот.
На првото место за прв пат во својата кариера се најде новопечената мама и суперѕвездата Бијонсе, која ја краси насловната страна на споменатиот магазин. Убавицата се заблагодарила на оваа чест и напоменала дека во овој момен се чувствува најдобро до сега, а најголема причина за тоа е нејзината ќерка Блу Ајви.
Меѓу првите најубави жени на светот за 2012 година се најдоа и Софија Вергара, Шарлиз Терона и Кејт Мидлтон.
Погледнете ја листата на топ 10 најубави жени, според магазинот People:
1. Beyonce
2. Sofia Vergara
3. Charlize Theron
4. Lily Collins
5. Madeleine Stowe
6. Christina Hendricks
7. Michelle Williams
8. Paula Patton
9. Miranda Lambert
10. Kate Middleton