Поранешниот американски преседател Бил Клинтон, присуствувал на една гала вечер во казино во Монте Карло и притоа се сликал со две дами, кои всушност се познати порно диви.
Двете девојки кои се актерки во порно филмови, Таша Рејн, и Бруклин Ли, биле многу горди што позираат со бившиот претседател.
Восхитена што имала прилика да се слика со Бил Клинтон, едната од дивите, веднаш ја објавила фотографијата на Твитер. Сликата се прошири со молскавична брзина низ друштвената мрежа, подсетувајки на Клинтовата репутација на женкарош.
Сајтот ТМЗ, кој ја донесе оваа вест, донел заклучок парафразирајки го со Клинтновата изјава од времето од аферата со Моника Левински, “ Бил, претпоставуваме дека сепак , не си имал афера, и сексуални односи со овие жени”.
Сепак што се однесува на Бруклин, таа сепак му се извинила на Бил, поради метежот кој го предизвикала на Твитер, оваа фотографија. “ Ова излезе од контрола! Извини Бил! Те сакаме! “.