Бизарен страв: Се плаши дека WC школката ќе ја проголта!

popara20 октомври, 20121min00
nej

Дваесетгодишната Неј Декино се плаши дека WC школката ќе ја проголта, па поради нејзиниот бизарен страв секој пат кога оди во тоалет некој друг мора да пушта вода наместо неа.

Неј Декино секој ден мора да се носи со бизарниот страв поради кој со години неможе сама да оди во WC. Со стравот прв пат се соочила кога имала само четири години и тоа откако во 1990 година гледала филм во кој имало сцена каде детето го учеле да врши нужда во wc школка која го менувала обликот во чудовиште со крупни очи и заби.

“Кога пуштам вода бегам од бањата и рацете ги мијам во кујна, освен ако некој не е со мене. Се ежам од тој звук кога се пушта водата. Секогаш мислам дека ќе ме проголта, тоа ме излудува”, вели Неј.

Поради нејзиниот страв секогаш мора да работи во близина на куќата за да може да се служи со единствениот тоалет во кој се чувствува безбедно. Кога е кај пријатели, тогаш мора некој да оди со неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag