Компанијата RIM наскоро на пазарот ќе го претстави својот унапреден таблет PlayBook кој конечно и веројатно доцна ја добива 4G поддршката. Подобрувањата на овој модел корисниците долго време ги чекаа.
Производителот на познатите BlackBerry телефони не се прослави со својот PlayBook, кој немаше ни поддршка за e-mail кога се појави на пазарот. Затоа не се ни очекува новиот подобрен модел да влијае на подобрувањето на позицијата на компанијата или пак завземање на поголем удел на пазарот, кое сега изнесува скромни 1%.
Новиот PlayBook ќе се појави во следниве неколку недели и тоа најпрво во Канада, а потоа ќе биде пласиран и секаде во светот.