Освен тоа што ловоровиот лист го подобрува вкусот на јадењето исто така има и многу лековити својства. Тој има благотворно дејство врз системот за варење. Ја зголемува секрецијата на дигестивните киселини и ја подобрува работата на дебелото црево. Покрај тоа, ги намалува грчевите и ризикот од рак на дебелото црево. Освен на системот за варење истиот ефект го остава и врз дишните органи. Ловоровиот лист содржи незаситени масни киселини, кои не само што ја подобруваат циркулацијата, истовремено го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести. Ловоровиот лист го стимулира лачењето на штетните материи од телото.
Луѓето со прекумерна тежина, исто така, треба да ја зголемат примената на ловоровиот лист поради тоа што ги гори мастите. Ја регулира менструалната болка и го намалува крварењето за време на циклусот. Исто така го намалува и крвниот притисок. Листовите од ова ароматична зимзелено дрво што се користи како зачин, ја подобрува и функцијата на бубрезите.