Потребни состојки:
1 кг. несолено крем сирење
4 лажици желатин
500 мл. млеко
400 гр. шеќер
3 лажици какао
200 гр. павлака
4 мелени ореви
Овошје по желба (свежо или замрзнато)
1 ванилин шеќер
Припрема:
Растворете го желатинот во млекото и оставете го да отстои околу еден час.
Во една чинија ставете половина од крем сирењето, половина од павлаката, половина од шеќерот и ванилиниот шеќер. Смесата изматете ја со миксер се додека шеќерот не се растопи. Во друга чинија сипете го останатиот ванилин шеќер, павлака, крем сирење, шеќер, ореви, какао и изматете.
Желатинот загрејте го се додека не се растопи, па сипајте по половина во садовите и изматете.
На дното на чашата за сервирање ставете еден вид овошје, па сипајте од првата смеса, потоа ставете друг вид на овошје и сипајте од другата смеса. Оставете да се излади во фрижидер најмалку два часа.