Дали вонземјаните се најава на катастрофи?

24 февруари, 20120
0058007.48

Според истражувањата со кои се занимаваат експертите за НЛО, се е појасно дека 2012 година е година на промени и дека се поголемиот број на документирани НЛО укажува на тоа дека нешто се подготвува.

Со оглед на правилностите кои истражувачите ги воочиле, сметаат дека неидентификуваните летечки објекти се најава на катастрофите, бидејќи воглавно се појавуваат во близина на места на кои наскоро ќе им се случи некоја неволја.

Секако, повеќето НЛО се забележани „на минување”, но експертите за НЛО сметаат дека постојат одредени места на Земјата околу кои НЛО се собираат со одредена цел.

Со оглед на тоа дека веруваат дека станува збор за вонземјански летала, сеуште не јасна причниско-последичната врска, но постојат неколку теории.

Според една од нив, вонземјаните исклучиво се набљудувачи кои ги следат процесите на Земјата и можат да предвидат природни катастрофи. Друга теорија е дека Земјата им служи на вонземјаните како своевидна „лабараторија”, како и тоа дека своите оружја ги тестира на нас и предизвикуваат „природни непогоди”.

Уште една теорија вели дека на Земјата се наоѓаат повеќе вонземјански видови кои меѓусебно војуваат. Местата на кои се собираат е нивни тајни бази, а „природните катастрофи” се само дел од нивната војна.

Овие храбри теории засега немаат цврсти докази, но доколку сакате уште материјал за разгледување, секако погледнете го видеото од Мексико кое ви го пренесуваме, а кое ја разгледува можноста НЛО да е предвесник на претстоечката ерупција на вулканот Попокатепетл:

httpv://www.youtube.com/watch?v=-jpEN5irlHE


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi