Секој кој го прочитал новото интервју со Блејк Ливели, објавен во магазинот Marie Claire, вели само едно – таа е идеална жена!
Убавата актерка, која се прослави со улогата во серијата Gossip Girl, тврди дека никогаш не консумирала дрога, ниту пие алкохол. “Иако често сум играла зависничка од дрога, вистината е дека никогаш во животот не сум пробала дрога. Алкохол воопшто не пијам”, вели таа и открива дека сега е во фаза кога сака да готви.
“Кога би влегле во мојата куќа, нема да кажете дека припаѓа на актерка. Нема фотографии од настани на ѕидовите, нема сувенири од снимање. Би помислиле дека тоа е куќа од некоја лудача која постојано готви”, тврди таа и додава: “Со задоволство би имала целулит и би одела на пат околу светот за да го пробам секој можен сладолед”.
Па, кој не би посакал ваква жена…