BMW Z9 Spyder

popara1 март, 20121min00
17062010_034126__Noticias4_

Audi и Mercedes, внимавајте! BMW го подготвува наследникот на Z8, кој ќе се натпреварува со моделите како Audi R8 и Mercedes SLS. Супер-автомобилот ќе се вика Z9 и тој ќе биде инспириран од California Spyder концептот претставен во 2005-та година на авто-саемот во Лос Анџелес и Vision EfficientDynamics концептот претставен во 2009-та година на авто-саемот во Франкфурт.

Како моделот Roadster Z4, овој супер-автомобил во иднина ќе има долга хауба и нови дизајнерски елементи, воведени од новиот шеф на стилизирање во BMW, Адријан Ван Хојдонк. Активниот преден сплитер и заден дифузор ќе го менуваат обликот на различна брзина со што ќе се оптимизира протокот на воздух околу автомобилот со цел да се подобри ефикасноста на горивото.

Z9 ќе биде изграден на истата платформа од серијата-7 врз која ќе се додаде карбон-фибер (CFRP) каросерија. Под хаубата ќе се најде истиот 4.4-литарски твин-турбо V8 мотор од моделот BMW М5. Излезот ќе резултира со околу 600 коњски сили.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag