Боби Браун веќе извесно време се обидува да го продаде сценариото за својот живот “The Bad Boy of R&B: The Bobby Brown Story”, а ненадејната смрт на Витни Хјустон го поттикна проблематичниот музичар да ја промени малку приказната.
Боби со директорот на њујоршката продукциска компанија, “Black noise media”, Мајкл Пикни го менуваат сценариото и во него ја додаваат трагичната приказна за смртта на неговата поранешна сопруга.
“Сценариото го напишавме во декември и тој зборува за неговиот живот и брак. Сега ќе го смениме крајот и ќе го понудиме на продуцентите “, изјави накратко Пикни.
Боби сака во филмот да се појави и Боби Кристина, единственото дете на двајцата музичари која во моментот е во центарот на вниманието на медиумите поради наводната врска со посвоениот син на Витни Хјустон.