Бодрум – Омиленото монденско летувалиште…

popara21 мај, 20123min00
u90

Ова е неизбежното монденско летувалиште за кое и ова Лето ќе се одлучат многумина…

А има и зошто !!!

Средовековниот замок, дворецот Св. Петар, подигнат од страна на витезите, со години наназад го чува влезот во Бодрумскиот залив. Тоа е местото каде водите на Егејското море, се мешаат со Медитеранот. Правоаголните, едноспратни, бели куќи со рамни кровови, овековечени со пурпурни бегонии се заштитен знак за ова некогашно мало дорско гратче, денес познато како летувалиште на турскиот брег. Во марините се збиени луксузни јахти, а по улиците се слушаат јазици од сите делови на светот. Прекрасните плажи нудат капење во кристално чиста вода.

Инаку, старото име на Бодрум е Халикарнас. Како популарна туристичка дестинација почнува да се развива во почетокот на минатиот век. Напознато културно наследство во Бодрум е античкиот театар од четвртиот век п.н.е. Денес градот го користи за фестивали и разни културни манифестации. Бодрум е недалеку прочуен и по богатиот ноќен живот, со двете најпосетени дискотеки на турското приморје. Дискотеката Халикарнас е дискотека на отворено со поглед кон дворецот Св. Петар. Може да прими над 5.000 посетители кои преку спектакуларното light show го дочекуваат раѓањето на сонцето на исток…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag