Пред две недели во Велика Британија е извлечен џек пот од 79,2 милиони евра.
Меѓутоа среќниот добитник се уште се нема појавено, па портпаролката ги повикала сите кои играле да си ги проверат добро своите листови.
Инаку, според правилата добитникот е должен да си ги подигне парите во рок од 180 дена. Сепак засега непознатиот сопственик на парите го нема .
„Очајнички го бараме мистериозни добитник за да му ја врачиме наградата. Ги повикуваме сите да ги проверат џебовите, паричниците, торбите , бидејќи некој од нив може да освоил големо богатство“, изјавила портпаролката.