Перењето автомобили не е важно само од естетска смисла, туку претставува и важен дел од одржувањето на возилото, а со него се отстрануваат корозивните суспстанци.
Едно истражување во Велика Британија покажало дека богатите најретко ги перат своите автомобили.
Само еден од 17 сопственици на автомобили кои се на високи менаџерски позиции изјавиле дека еднаш неделно го перат својот автомобил. За разлика од нив кај оние со поплиток џеб статистиката изнесува еден на 12 сопственици на автомобили.
3% од сопствениците на автомобилите го перат еднаш годишно или воопшто не го перат.