Владата на Боливија одлучила на последниот ден од мајанскиот календар 21 декември 2012 година да ја протера американскта компанија Кока Кола надвор од земјата. Министерот за надворешни работи изјавил дека со тоа што ќе ја избркаат оваа компанија ќе се стави крај на капитализмот и ќе почне нова ера на еднаквост кај луѓето.
„Декември оваа година го претставува крајот на егоизмот и поделбите. Планетите се во совршена чинија, а тоа ќе означи крај на капитализмот и нов почеток на социјална правда“, изјавил министерот, кој ги повикал граѓаните да го пијат националниот сок од праска, наместо кока кола.