Боливиски судија пресудува со помош на листовите од кока!:))

popara18 март, 20121min00
koka-t

Еден боливиски судија предизвикал бура од негодување и се нашол на мета на остри критики од опозицијата која бара негова оставка, откако јавно признал дека се “консултира” со листови од кока кога треба да пресуди во “сложени случаи”.

Гуалберто Куси, судија на Уставниот суд на Боливија, највисокиот суд во земјата, потекнува од индијански племиња Ајмара.

Избран е во октомври минатата година кога судиите се избрани на општи гласања прв пат во оваа земја.

Тој во неодамнешно интервју за боливиска телевизија открил дека џвака листови кока кога е уморен, а во моментите кога пред себа има некој комплициран случај, ја користи традиционалната техника на дивинација со помош на кока листовите.

Тој дури пред камерите демонстрирал како ги фрла листовите кока кои со својот распоред по паѓањето му даваат одговор.

“Мислам дека правосудството го допре дното. Тоа е срамота и тој треба да поднесе оставка. Не можеме својата доверба да им ја оставиме на луѓето кои слободата на поединците им ја одредуваат со читање на листови од кока”, изјавил опозицискиот конгресмен Рој Морони.

Листот на кока се користи во Андите веќе илјадници годии како благ стимуланс и лек против замор, глад, болести од висина, но и во верските и шамански ритуали.

Листовите од кока, иато така, претставуваат и суровина за производство на кокаин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag