Иако критиката не му е наклонета на третото продолжение на СФ акцијата-комедија “Men in Black” сепак успеа, после три недели, да го собори од првото место мега-популарниот филм “The Avengers”, кој за кратко време стана еден од најпрофитабилните филмови во историјата.
“Men in Black 3” во текот на првиот викенд заработи 55 милиони долари и го освои првото место. Се разбира, “The Avengers” Joss Wheadon и понатаму го држи рекордот, но да се совладаат Avengers во третата недела не е мала работа.
“Battleship” го освои третото место со 10,8 милиони, “The Dictator” заработи 9,6 милиони, а “Chernobyl Diaries” дебитираше со 8 милиони долари.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Y2r9AIfYcV8