Боровинките – богат извор на антиоксиданси

popara24 февруари, 20121min00
Blueberry Background Material

Боровинките се вистнска супер храна, неверојатно богати со антиоксиданси кои го штитат организмот од многу болести. Тоа се резултатите од последното истражување спроведено во универзитетот во Калифорнија. Боровинките штитат од натрупување на штетни масни наслаги во внатрешноста на крвните садови и на овој начин представуваат превенција од атеросклероза.

Атеросклерозата е хронична и прогресивна болест, која го засега внатрешниот слој на големите и средни артерии во организмот. Во внатрешниот слој на артериите се натрупуваат маснотии и зидовите на крвните садови стануваат подебели и тврди. Болеста се среќава речиси кај сите луѓе, но мажите се позасегнати отколку жените. Основни причини за појава на болеста се диабет, висок крвен притисок, прејадување, дебелина, пасивен живот, пушењето, прекумерна консумација на алкохол, психички замор и други.

Во истражувањето учествувале луѓе кои сите ја имале оваа болест, а после редовна консумација на боровинки или сок од боровинки, состојбата им се подобрила за цели 60%. Толку мали, а толку моќни! Браво за боровинките!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag